Имате ли правилен однос кон вашиот костум: Три златни правила

Колку и да е машкиот костум квалитетен, скап, тренди, елегантен…многумина „паѓаат“ на сопствениот (неизграден) однос кон горниот дел од костумот и со тоа и целиот стил паѓа во вода.

mazi123

Кога да се откопча копчето на горниот дел од костумот, кое копче да се откопча, кога да се соблече сакото?

Многумина мажи сеуште немаат расчистено со трите златни правила на носење на костум, па често елегантниот костум може да се претвори во карикатурно издание.

Правило број 1.

Кога стоите сакото мора да биде закопчано. Ако има две копчиња може да биде откопчано само едно од нив, долното копче. Ако има само едно копче, ништо од откопчувањето. Ако под сакото носите елек, сакото може да биде откопчано а елекот мора да биде закопчан.

Правило број 2.

Ако седите сакото треба да биде откопчано.

Правило број 3.

Сакото никогаш не треба да се соблече. Иако е лето, иако темепратурите се над 30 степени, иако може да се чувствувате дека ќе зовриете во него. Многу веројатно е дека кошулата под сакото е толку испотена што штом го соблечете ќе се откријат под пазувите две „барички“ од пот. А тоа е ужасна глетка. Дури и да сте најотпорни на потење, може да претпоставите само колку кошулата во меѓувреме се изгужвала под сакото. Решение? Следниот пат облечете потенок костум, на пример ленен.

 

x

Check Also

Тејлор Хил и сестра ѝ позираат во новогодишната кампања на Polo Ralph Lauren

Моделката и ангел на Викторија сикрет е една од лицата на празничната ...