Имате мрсна коса? Еве зошто косата толку бргу ви се мрси

Имате проблем со мрсната коса? Сигурно правите многу нешта погрешно.

Не ставате доволно шампон

Често причина за бргуто мрсење на косата е што не употребувате доволно шампон. Мастите и мртвите клетки на кожата тогаш се таложат на коренот на косата и таа станува брзо се помрсна.

Често ја миете косата

Треба да се најде вистинската мерка – ни пречесто, ни преретко. Ако пречесто ја миете косата постојано ја отстранувате маснотијата од темето, а тоа реагира така што ќе почне да произведува повеќе маснотии. Обидете се да го сведете миењето на косата на два пати неделно.

Не го нанесувате регенераторот правилно

За косата да ја одржувате убава и негувана, потребен ви е регенератор, но внимавајте како го нанесувате. Регенераторот треба да го нанесете само од средината на косата до врвовите, а не и на темето, зашто така ќе предизвикате брзо мрсење на косата.

Ја миете косата со жешка вода

Жешката вода ја суши косата, па затоа се излачуваат уште повеќе маснотии за да се ублажи сувоста. Мијте ја косата со топла, но не и врела вода, а последните минути исплакнете ја со ладна вода што ќе ги затвори фоликулите.

Употребувате претешки производи за обликување

Восоците, кремите и маслата за коса ја мрсат косата. Ако веќе имате мрсна коса побарајте производи со формула посебно дизајнирана за мрсна коса.

Секој ден ја пеглате косата

Ова може да донесе до тоа вашата коса да изгледа уште помрсна. Исплегланата коса доаѓа во контакт со лицето и така изгледа уште помрсна. Пронајдете некоја полежерна фризура која ви стои, наместо да ја пеглате косата.

Вашиот алат не е чист

Четките, чешлите, фигарото, пеглата за коса…Тие се извор на бактерии доколку се валкани, а лесно се пренесуваат на косата и ја мрсат. Често мијте ги четките и чешлите со шампон и чистете ги електричните уреди со мокра крпа.

Премногу се наслонувате на сувиот шампон

Колку и да се практични шампоните за суво миење на коса, тие не се наменети за секојдневно користење зашто можат да се таложат на темето.

x

Check Also

Совети за совршена шминка според формата на очите

Не постои универзален начин на шминкање, особено кога станува збор за очи. ...