Имате прекумерно потење на лицето? Може да го спречите со овие методи

Потењето на лицето може да биде естетски проблем особено во социјалниот живот.

Со пристигнување на летото, кај многу жени се појавува проблемот со прекумерно потење на лицето. Иако потењето е природен начин на разладување на организмот за време на физички напор или високи температури, претераното потење може да биде индикатор на одредени пореметувања во организмот.

За среќа, постојат одредени начини со кои ова потење може да го ублажите или сосема спречите.

Есктракт од лешник

Може да го купите во продавниците за здрава храна и козметика, а станува збор за дериват од кората, гранчињата и листовите на лешникот. Овој екстракт има својство на стеснување на порите, па затоа делува како природен антиперспирант за лице.

Особено е погоден за масна кожа, но ако имате проблем со бубулици, бидете внимателни зашто во некои ситуации може да предизвика алергиски проблем.

Вистинскиот ефект од екстрактот од лешник ќе биде видлив по период од десетина дена.

Алое вера

Набавете тоник со висок процент на алое вера или ако имате билка алое вера, исцедете го сокот, и со него еднаш дневно премечкајте го лицето. Кога ќе нанесете алое вера на лице, дава пријатен ефект на ладење, кој е совршен за топлите денови.

За жал, ефетот не е долготраен, што значи помага во краток период. Од друга страна, алое верата е брзо и едноставно решение за жените на кои им е потребно моментно спречување на потењето на лицето.

Максим антиперспирант влажни марамчиња

Можат да се нарачаат преку Интернет, и одлични се за спречување на прекумерното потење на лицето. Дизајнирани се од медицински лица и произведени токму за оваа намена. Ги произведува една компанија од Велика Британија, па доволно е во пребарувањето на Интернет да напишете само Maxim Sensitive Wipes.

x

Check Also

Супермоделките Ирина Шајк и Џоан Смолс во нова кампања на Викторија сикрет Bombshell 

Bombshell е нов парфем од популарната марка за долна облека Викторија сикрет. За ...