In Touch: Лејди Гага и Бредли Купер веќе живеат заедно

Според американското популарно списание In Touch, Лејди Гага и Бредли Купер веќе живеат заедно во домот на глумецот во Њујорк.

Најзборуваниот пар на годината, Бредли Купер и Лејди Гага, повторно се актуелни. Според неколку американски медиуми, тие живеат под ист кров, поточно во апартман во Њујорк.

Да се потсетиме, врската на Лејди Гага и нејзиниот агент, Кристијан Карино, кој е 17 години постар од неа, започна во октомври 2017 година. Од самиот почеток, двојката изгледаше многу вљубено. Кога предлогот за брак пристигнал, една година подоцна, никој не беше изненаден. Среќниот крај се чинеше очигледен. Но, наместо тоа, нешто одеднаш се смени, а врската заврши. Во меѓувреме, уште една врска заврши – онаа на глумецот Брадли Купер и топ моделот Ирина Шајк. Па не е чудно, што сите се прашуваа дали ова е случајност, или не.

Гласините за преселувањето на Лејди Гага во домот на Бредли Купер, кој се наоѓа во Вест Вилиџ во Њујорк, за сега се само – гласини. Но, познато е дека глумецот сака стабилни и долги врски, па можеби мора малку да почека, пред да исплива вистината во јавноста, најмногу поради својата двогодишна ќеркичка Леа. Инаку, пред неколку дена Купер е виден во друштво со глумицата Лаура Дерн, но двајцата се само добри пријатели.

 

 

x

Check Also

Ангелите на Викторија сикрет вака ја најавија новата колекција

Victoria’s Secret лансираше жешка кампања најавувајќи ја новата колекција на долна облека ...