Infinity London – најубавиот (и најголем) базен на кров

Новото чудо на архитектурата е резервирано за Лондон, а станува збор за базен кој го опфаќа целиот кров на облакодерот и кој ќе ви овозможи истовремено да уживате во водата и неверојатен поглед на градот.

Базенот е наречен Infinity London, а дело е на Compass Pools. Сместен е на врвот на зграда со 55 ката.

Конструиран е од акрил кој емитува светлост слична на таласната должина на водата со цел да изгледа совршено проѕирен. Базенот собира 600 илјади литри вода. И дното му е проѕирно, па овозможува уживање на светот под вас. Сепак, најинтересен елемент на базенот се спиралните скалила кои се сместени во внатрешноста на базенот налик на подморница.

Контрукцијата на Infinity London ќе почне догодина, а базенот се очекува да биде пуштен во употреба во 2021.

x

Check Also

Во Дубаи се отвори фасцинантен вегански ресторан

Дубаи содржи бројни ресторани со Michelin ѕвездички, но сега станува збор за ...