Иновација во која се вложени повеќе од 8 милијарди долари – IQOS

Филип Морис Интернешнл (ФМИ) прави трансформација во тутунската индустрија со цел да создаде иднина без чад и да ги замени цигарите со производи без чад во корист на возрасните пушачи кои инаку би продолжиле да пушат. Измина една година откако револуционерниот уред на ФМИ, IQOS е официјално пуштен во продажба на македонскиот пазар. Истиот може да се најде во поголемите трговски центри во Скопје, но и во повеќе градови во Македонија. Достапен е во повеќе бои, а од неодамна достапна е и лимитирана едиција на IQOS, т.н. Moonlight Silver со нијанса на месечев отсјај. Во продолжение неколку работи што мора да ги знаеме за овие уреди.

 IQOS уредите се резултат на повеќе од една деценија научни истражувања и огромни инвестиции. Филип Морис спроведува истражувања со цел да создаде производи кои го елиминираат согорувањето и ја намалуваат изложеноста на штетни и потенцијално штетни состојки. Повеќе видови на електронски уреди биле развиени, како претходници на IQOS системот за загревање на тутун, кои не ги задоволувале сите потребни аспекти како намалена изложеност, компактност, функционалност и др. Од 2008 година па наваму, ФМИ има ангажирано повеќе од 400 научници и експерти од различни области и има инвестирано над 8 милијарди американски долари во истражување, развој на производи и научна поткрепеност на помалку штетни производи. Овој уред  е достапен на 66 пазари и се проценува дека над 14 милиони луѓе целосно преминале од цигарите на оваа алтернатива.

Револуционерно откритие при создавањето на овие производи претставува процесот на загревање на тутунот, наспроти согорувањето. Имено, никотинот според многу научни истражувања не е примарен причинител за болестите поврзани со пушењето, така што оваа технологија овозможува загревање на тутунот до оптимална температура доволна за ослободување на никотинот, а притоа избегнувајќи ги другите штетни состојки кои се создаваат при горењето како катран, јаглероден моноксид и слично.

IQOS уредот е прв и единствен електронски уред кој реномираната американска Агенција за храна и ветерина (ФДА) го класифицираше во категоријата „производи со модифициран ризик“, објаснувајќи ја својата одлука со следниве заклучоци:

а) IQOS го загрева, а не го гори тутунот;

б) употребата на овој уред значително го намалува производството на штетни и потенцијално штетни состојки;

в) научните истражувања потврдуваат дека целосен премин од класичните цигари на IQOS ја намалува изложеноста на телото на штетни и потенцијално штетни состојки.

Научните студии покажуваат дека целосниот премин од цигари на IQOS системот „ја намалува изложеноста на организмот на штетни и потенцијално штетни состојки“, што според изјавата на Мич Зелер, директор на Центарот за тутунски производи при Агенцијата, може да помогне на полнолетните пушачи да ги остават класичните цигари и да ја намалат изложенста на штетните состојки, но само доколку во целост преминат на овие производи. Другите производители на слични вакви производи не можат да изнесуваат вакви тврдења сѐ додека не добијат согласност од ФДА.

IQOS уредите не се за секого.

Иако никотинот не е примарен причинител за болести поврзани со пушењето, истиот не е без ризик и создава зависност. IQOS уредите за загревање на тутунот се наменети исклучиво за возрасни пушачи кои инаку би продолжиле со пушењето цигари. Најдобра опција за секој пушач е да се откаже од пушењето и никотинот, но оние кои сакаат да продолжат со оваа навика имаат избор да одберат помалку штетна алтернатива. „Ако не пушиш, не почнувај. Ако пушиш, откажи се. Ако не можеш да се откажеш, направи промена“ е новото мото на ФМИ.

 

x

Check Also

Зошто да користите морска сол?

Морската сол содржи повеќе од 80 состојки кои позитивно влијаат на здравјето, ...