Инспиративниот цветен фустан на Виан Џанг

Кинеската глумица, пејачка и модел Виан Џанг, облечена во театрална креација, беше една од ѕвездите на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал.

vian 3

Погледнете ја само цветната креација, погледнете ги детаљите и овие бои! Погледнете го кројот. Изгледа како Виан Џанг да е „родена“ за да го носи овој фустан, толку совршено и прилега.

vian 2

Очигледна е викторијанската инспирација која одлично е вклопена со современиот кинески дизајн.

Штета што ваков фустан не видовме на црвениот тепих на Мет Гала.

vian 4

Со нагласени веѓи и очи, наспроти бледиот невидлив кармин и отсуството на накит, кинеската глумица изгледа како да е штотуку симната од модна писта.

vian 5

x

Check Also

Карди Би се збогува со сопругот после три години брак

Карди Б(27) и нејзиниот сопруг Офсет (28) се разведоа по само три ...