Инспирирајте се од ѕвездите: Каква фризура е најсоодтвена за над 40 години

Познатата поговорка вели „како годините растат, така косата треба да се крати“. Сепак, постојат одредени фризури кои имаат должина, а немаат „рок на употреба“.

j1

Степенеста рамна коса

Земете го примерот на Џенифер Анистон која има 45 години. Таа веќе со години ја носи препознатливата фризура – степенеста рамна долга коса до раменици.

j4

Пикси

Една од најиделаните фризури за над 40 години е пикси. Не само што подмладува туку има и други предности – практична е и не бара постојана посета на фризерски салони. Погодна е за сите, освен за оние кои имаат природно виткана коса.

j2

Боб

Нема да згрешите никогаш кога е во прашање боб фризурата. Французинките одамна тоа го открија, од времето на Коко Шанел која беше и најголе промотер на боб фризурата. Ана Винтур ја носи со децении. Ако имате ситно лице должината до брадата е совршена, а ако имате заоблено лице должината може да е ималку под брадара за  визуелно да го издолжи лицето.

j3

Боб со шишки

Шишките по правуло даваат младешки изглед. Останатиот дел од косата може да биде со должина до рамениците со степенасти слоеви.

x

Check Also

Што треба да смените за да го забавите стареењето на лицето

Создавањето на брчки многу зависи од типот на кожата, но и од ...