Инстаграм профилот на Џенифер Анистон молскавично брзо собра над 11 милиони следбеници

Новата Инстаграм страница на глумицата Џенифер Анистон, предизвика привремена „несреќа“ на платформата на Инстаграм, поради огромен број на фанови кои прифатија да ја „следат“. Поранешната ѕвезда на серијата „Пријатели“, официјално го направи своето деби на Инстаграм минатиот вторник.

За еден час, Инстаграм профилот на Анистон привлекол повеќе од 116.000 следбеници, а нејзината прва објава собрала стотици илјади лајкови пред да се „урне“ платформата. Сега пак, нејзината страница може да се пофали со над 11 милиони следбеници!

Корисниците на Инстаграм се нафрлија да го погледнат првиот пост на Анистон: селфи со главната екипа на Friends. На фотографијата е таа во друштво на колегите од серијата – Мет Лебланка, Кортни Кокс, Метју Пери, Лиса Кудров и Дејвид Швимер. Швимер меѓу првите напиша –  „И сега сме исто така ПРИЈАТЕЛИ“.

Анистон беше срдечно пречекана на страницата и од нејзината пријателка и колешка,  Рис Витерспун, која коментираше под селфито:„ Јес !!! Добредојде на Инстаграм!.

x

Check Also

Моника Белучи блеска во новата кампања на Долче и Габана

Три италијански убавици од различни генерации – Моника Белучи, Бјанка Балти и ...