Инстант лозот ДИЈАМАНТ – повторно во продажните места на Државна лотарија на Македонија

Од денес, петок (31.05.2019 год) на сите продажни места на Државна лотарија на Македонија инстант лозот ДИЈАМАНТ повторно во продажба во својата трета серија.

ДИЈАМАНТ -от на Државна лотарија на Македонија е полн со најразлични парични добивки , почнувајќи од 50 денари па се до 300.000 денари. Третата серија носи и нов, променет дизајн како освежување на веќе еден од најбараните лозови, особено кога станува збор за инстант лозови кои се подаруваат за најразлични поводи. До сега ДИЈАМАНТОТ се покажа како инстант лоз кој најмногу се подарува за свадбите и венчавките во акцијата СРЕЌА ПЛУС- наместо цвеќе подари инстант лозови . Во третата серија овој инстант лоз доаѓа во 500.000 примероци и носи вкупно 161.915 добивки. Најголемата добивка од 300 000 денари е предвидена за 5 играчи , а за другите играчи овој инстант лоз нуди 10 добивки од 100.000 денари, 10 добивки од 50.000 денари, 30 добивки од 15.000 денари итн. се до 130.000 добивки од по 50 денари. Цената на инстант лозот е иста – 50 денари , па затоа не пропуштајте ја шансата да го пронајдете еден од добитните симболи како што се дијамантскиот прстен и дијамантот кои може да ве доведат до една од 161.915 добивки кои ги нуди овој лоз.

Играта е забавна со самото тоа што нуди дури 10 шанси , т.е. 10 игри во еден инстант лоз. Од многуте симболи само прстенот и Дијамантот се добитни симболи. Лозот е добитен доколку изгребете Прстен , но доколку изгребете ДИЈАМАНТ добивката се удвојува.

Играј, добиј, блесни од радост!

Пронајди го Дијамнтот и удвој ја добивката!

x

Check Also

Новата колекција на Nasty Gal и Емили Ратајковски е секси и фенси

Моделот и глумица Емили Ратајковски, покрај убавото тело, е позната и по ...