Интернет сензацијата дедо Тони мотивира како да вежбаме во теретана (ВИДЕО)

Хрватот Тони Селмани, кој по потекло е од Македонија, и кој молскавично брзо со својата изјава за грипот на една хрватска телевизија, стана хит на Интернет, сега е вистинска иснпирација за да почнеме да вежбаме.

Тони Селмани е личност од регионот кој го обележа почетокот на 2019 година на многу забавен и смешен начин. Виталниот, симпатичен 82-годишник на една хрватска телевизија што точно не е во ред со хрватскиот здравствен систем и менталниот склоп на луѓето. Неговата изјава стана хит на Интерент. – Срамота, пензионерите го уништија здравството. Ме боли раката, ме боли ногата, се ме боли…Вежбај, п…а ти мајчина“, неодамна изјави дедо Тони.

Овој пензионер, во поранешна Југославија работел како манекен за бројни големи брендови, па не е ни чудо што и на овие години е расположен за фотографирање и позирање. Во видеото покажува како треба да вежбаме, а тој тоа го прави без никакви проблеми.

Погледнете го инспиративното видео и секако, вежбајте.

 

x

Check Also

Емили Ратајковски во секси фустан од Мајкл Корс

На црвениот тепих на наградите Тони, топ моделот Емили Ратајковски ги привлече ...