ИНУ – нова ѕвезда меѓу скутерите

Само да го погледнете, ќе помислите дека се работи за некоја вселенска машина од новиот филм „Војна на ѕвездите“. Овој електричен скутер ИНУ може да се спакува за само пет секунди.

i 5

Оваа луксузна „играчка“ беше претставена неделава на ЦЕС 2015 во Лас Вегас и сите што ја видоа веднаш се вљубија во неа. За разлика од другите супермодерни скутери, за да управувате со ИНУ потребно е само да притиснете едно копче на „паметниот“ телефон, и скутерот ќе направи се за вас. Работи на батерии кои исто така имаат футуристички дизајн како и предниот екран сместен кај рачките кој пак ќе ви овозможи да правите што сакате со рацете додека возите, вклучувајќи и праќање на пораки, снимање на видео, па дури и селфи-фотографии.

i1

ИНУ се продава по цена од 2.999 евра, во три различни варијанти во зависност од големината на батеријата.

i 4

i 3

x

Check Also

Согорување калории – Крофните ќе ги истопите со 45-минутно возење велосипед со брзина од 20 километри на час

На топ листата на производи чија калориска вредност неретко ја потценуваме се ...