iPhone 11 во продажба од 20.септември: Повеќе камери, повеќе бои и помала цена

Apple го претстави новиот iPhone 11. Кампањата најави три нови изданија : iPhone 11 (699 долари), iPhone 11 Pro (999 долари) i iPhone Pro Max (1.099 долари). Најавена е и седмата генерација на iPad и новиот часовник Apple Watch.

Гледано од предна страна, новите iPhone модели личат на ланската X верзија – имаат поголем дисплеј, но кога ќе ги свртите ќе ги видите новите опции – втора, односно трета камера во зависност од моделот. Покрај широкоаголната камера со 12 mpx, која ја имаше и претходникот, новиот iPhone 11 содржи дополнителна камера која има 2x оптички зум. Додека моделите iPhone 11 Pro и Pro Max имаат по три камери со 4x оптички зум. Дополнителните камери се засилени со „интерфејс“ и имаат видно поле од 120 степени. Ноќен режим на работа е , исто така, додаден, а тука е и портрет-мод кој е компатибилен со домашните миленичиња.

Од Apple уверуваат дека новите модели имаат најбрз CPU и најдобра платформа. Подобрена е и опцијата Face ID, а продолжен е и животот на батеријата.

Моделите ќе бидат во продажба од 20ти септември, а на задоволство на фановите на Ајфон ќе бидат достапни во шест нијанси – виолетова, зелена, бела, жолта, црна и црвена, додека моделите Pro и Pro Max се нудат во „миднајт“ зелена, „спејс“ сива, сребрена и златна нијанса.

x

Check Also

Утревечер светска премиера на „Врба“ на Манчевски на Филмскиот фестивал во Рим

Светската премиера на филмот „Врба“ на Милчо Манчевски ќе биде утревечер на ...