За фотографијата е задолжен модниот фотограф Џампаоло Скура. Во новата колекција на Furla доминираат колор-блок чантите, а се форсира и силната црвена нијанса. Што се однесува до димензиите на чантите, иако годинава во тренд се малите чантички (кои секако ги има во новата колекција на Furla), сепак, доминираат класичните модели со нагласена елеганција, што е во духот на компанијата.
