Ирина Шаик и Бредли Купер со договор за старателство на ќеркичката

„Паднал“ првиот договор за старателство на ќеркичката Леа, девојченцето од врската на супермоделот Ирина Шаик и популарниот глумец Бредли Купер.

Имено, судот брзо ја донел одлуката поради кооперативноста на двајцата поранешни партнери кои беа верени, но не беа во брак.

Според договорот, Ирина и Бредли мора да продолжат да живеат во ист град, во нивниот случај конкретно Њујорк поради двогодишната Леа. Судот донел и одлука обајцата да имаат подеднакви права во воспитувањето и одгледувањето на детето. Кога станува збор за старателството, договорот гласи дека имаат подеднакви права на старателство, но дека тие би можеле да варираат од месец на месец во зависност од обрвските на родителите.

x

Check Also

Ангелите на Викторија сикрет вака ја најавија новата колекција

Victoria’s Secret лансираше жешка кампања најавувајќи ја новата колекција на долна облека ...