Руската убавица Ирина Шаик ја краси насловната страница на мартовското издание на Вог.
Фотосесијата во внатрешните страниц пак, е придружена со интервју, во кое супермоделот се „исповеда“ колку е тешко да се биде самохрана мајка, нагласувајќи дека се „распаѓа“.
Двегодишното девојченце од врската со глумецот Бредли Купер, според судот, има двајца старатели (50 – 50 отсто), мајката и таткото.
-Две личности може да бидат прекрасни, а сепак да немаат добра врска, вели Ирина во интервјуто, мислејќи на врската со Купер.