Ирина Шаик прозборе за крајот на љубовта со Бредли Купер

После недели молк, топ моделот Ирина Шаик проговоре, за прв пат, за раскинувањето со Бредли Купер.

Во ексклузивно интервју за Харперс Базар, руската манекенка зборува за крајот на љубовта со Купер, за релациите со ќеркичката Леа, но и за Лејди Гага. Откако Гага и Купер заедно глумеа во филмот Ѕвездата е родена, фановите почнаа да се сомневаат во нивното пријателство, односно љубов.

Во првото интервју по раскинувањето на врската, Ирина Шаик коментира за фиксацијата на јавноста за Бредли Купер и Лејди Гага: „Мислам дека е човечко. Ако не можете да имате нешто, сакате да го имате. Тоа е како да имате пред вас завеса и сакате да ја тргнете по секоја цена. Мислам дека тоа е љубопитност“.

На прашањето што мисли за бракот, Ирина открива дека воопшто не е разочарана, и покрај неодамнешниот крај на нејзината врска. „Дали верувам во брак? Да, се разбира. Јас не сум личност која е против бракот.“ И покрај тоа што никогаш не се венчаа, Ирина Шаик и Бредли Купер имаат девојченце Леа Де Сеин, родена во 2017 година.

33-годишната манекенка, зборува и за нејзиниот однос со својата ќерка и, воопшто, за мајчинството. „Секогаш мора да бидете искрени и онакви какви што навистина сте, со своите деца, во спротивно ќе живеете во лага“.

Интервјуто завршува со обраќање до мажите. „Никој веќе не пишува писма. Мислам дека ако некој сака да ве покани на вечера, не треба да ви испрати смс или да напише на Инстаграм, туку да го земе телефонот во рака и да ви се јави и да ве покани на вечера!“

x

Check Also

Кејт Мидлтон со боси нозе на кралската турнеја во Пакистан

Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, се појави боса и со шамија при ...