Рускиот топ модел Ирина Шаик се врати на канскиот црвен тепих. Шаик со години последователно беше гостинка на Канскиот филмски фестивал, но потоа се повлече. Сега, на неполни три месеци од породувањето, моделот блесна во жолта креација во Кан.
Тесниот, проѕирен фустан со набори околу струкот и раскошно деколте е креација од Версаче.
Изгледот е заокружен со нежни сандали на висока потпетица.