На едно од нејзините бројни појавувања на црвените теписи, супермоделот одбра црна комбинација од топ и здолниште. Блузата и здолништето се од новата колекција на H&M, Conscious Exclusive, која од завчера е достапна во продажба во продавниците.
Инаку, модата за оваа сезона се фокусира на трендовите од 80-тите години, особено кога се во прашања деталите кои ги нагласуваат ракавите и рамениците. Така е и со оваа блуза. Карактеристично за коелкцијата Conscious Exclusive е што модните парчиња се направени од рециклирани материјали. Блузата која убавата русинка ја носи достапна е во продажба по цена од 99 евра, додека сукњата чини 59 евра.
Супермоделката изгледот го заокружила со плишана црвена чанта и сандали со високи потпетици.