Ирина Шаик во нова рекламна кампања во секси издание

Познатата манекенка Ирина Шаик по разделбата со глумецот Бредли Купер, продолжува да работи со „полна пареа„.

Руската убавица имаше бурни и динамични неколку месеци кои сепак, многу добро ги поднесе. Ниедна разделба не е лесна, но Шаик не си дозволи ниеден миг на слабост и тоа колку и е тешко не го покажа во јавност. Наместо поплаки, следуваа ангажман по ангажман за нови рекламни кампањи на познатите брендови.

Овојпат, таа позира за француската модна куќа The Kooples која произведува луксузни чанти.

Фотографиите ги постираше на својот Инстаграм профил и предизвика лавина на позитивни коментари.

x

Check Also

Пенелоп Круз и Антонио Бандерас по третпат заедно!

Двајцата шпански глумци повторно ќе ги видиме заедно во филм. Со последниот ...