Ирина Тошева ја претстави новата модна соработка со Моки и Ресорт Маврово

Со топла и идилична фотографска приказна дизајнерката Ирина Тошева ја претстави новата екслузивна модна соработка со Моки и Ресорт Маврово.

Станува збор за две мини колекции на облека и додатоци со потписот на Тошева, надополнети со илустрациите и ракописот на Моки, a изработени наменски за посетителите на Маврово.  

Удобноста е од најголема вредност изминатиов период. Првата колекција се состои од два типа пижами, кои освен пријатното чувство од памучниот материјал, како и лежерноста во кројот, делуваат мошне привлечно и елегантно. Горните парчиња може одлично да се стилизираат и да се носат дури и надвор. Украсени се со везени букви од Моки во кирилична и латинична варијанта. Пижамите се достапни во четири бои и четири конфекциски броеви. Остатоците материјал, пак, ги искористивме за маски за очи и вреќички.” – објаснува Ирина Тошева.

Втората мини колекција, којашто дизајнерката ја нарекува “Разгледници од Маврово“,  се состои од унисекс блузони и дуксери, со илустрациите на Моки, кои се појавуваат и на перниците и торбичките. 

Низ моите илустрации, на едноставен и суптилен начин се обидов да ги прикажам богатствата што ги нуди Маврово. Смирената атмосфера на цртежите одлично се вклопи со креациите на Ирина Тошева, создавајќи парчиња што се естетски привлечни, но и имаат посебна вредност, затоа што се сувенир којшто долго може да се носи на себе.” – истакнува Моника Стојановска од Моки.

Двете колекции се спакувани во топла и идилична зимска приказна со Кристина Филиповска од модната агенција “Подиум”. Фотографиите се дело на Александра Костадиновска. За шминката е заслужна Сим Салтирова. 


Сите производи се одличен сувенир, во лимитирани количини и може да се купат во Bistra Design Store во Хотел Бистра. Благодарна сум на можноста и довербата од тимот на Ресорт Маврово кои отворено ги прифатија сите мои идеи и предлози и помогнаа во реализација на истите.” – заклучува Ирина Тошева.

За сите оние кои сакаат сувенир кој ќе ги потсетува на Маврово, Bistra Design Store во Хотел Бистра во Маврово е местото, каде што ќе можете да најдете маички, дуксери, лончиња, беџови, торбички и други рачни изработки со мотиви од ова прекрасно место, изработени од македонски познати дизајнери и креативни студија. На тој начин секогаш ќе можете да носите дел од Маврово со себе.

x

Check Also

Новата колекција на ZARA нè подготви за лето 2021

Сонувате за летото и плажите? Модната марка Zara веќе не однесе таму, ...