Искористете ги супермоќите на Халкбанк и добијте вредни награди  

Претпоставуваме дека веќе слушнавте за големата наградна игра на ХалкБанк „Активирај Супермоќ“. Супермоќта на банката е да ви покаже како да си го олесните секојдневието со користењето на супермоќите, плаќање со HalkPay апликацијата, плаќање со Garmin часовник кога сте во движење и плаќање со Mastercard кредитните картички издадени од Халкбанк и притоа да станете потенцијален добитник на вредни награди во наградната игра која трае до 28 Февруари идната година.

Постојат три различни начини за отклучување на Вашата супермоќ, и тоа: правење на трансакции со кредитните картички Mastercard и правење на трансакции со користење на иновативните услуги на Банката – HalkPay и GarminPay. Секој таканаречен херој, кој ќе ја искористи својата супермоќ, потребно е да даде и своја согласност за учество во наградната игра на веб страната на Халкбанк АД Скопје. На тој начин се станува потенцијален добитник на една од вредните награди:

-45 ваучери за спортска опрема во износ од по 6 000 денари;

-6 часовници Гармин;

-4 мобилни телефони и;

-5 ваучери за велосипеди

Ваучерите за спортска опрема ќе бидат извлекувани во три месечни извлекувања и тоа на 3 декември, 12 јануари и 2 февруари, додека пак останатите награди ќе бидат доделени на главното извлекување кое ќе се одржи на 9 март!

Да не заборавиме дека трансакциите преку HalkPay и GarminPay носат тројна шанса за учество, а исто така и дека во секое месечно извлекување учествуваат сите трансакции направени во претходниот месец, додека, пак, во главното извлекување, учествуваат сите трансакции направени за времетраење на наградната игра.

Последно, но не и помалку важно, е дека право на учество имаат сите полнолетни физички лица корисници на кредитните картички Mastercard издадени од Халкбанк кои ќе направат трансакција во периодот на времетраење на наградната игра како и оние ќе направат трансакции преку HalkPay и GarminPay. Сите останати информации за наградната игра, можете да ги пронајдете тука. И уште нешто, среќно!

x

Check Also

ОУ „Григор Прличев“ од Охрид со поддршка на Халкбанк доби сензорна градина наменета за ученици со попреченост  

Основното училиште „Григор Прличев“ во Охрид, ја доби првата сензорна градина во ...