Искористете ја до максимум сезоната на лубеници, направете совршен сок

А, кој не сака лубеница? Убаво изладената лубеница е омилено летно овошје, кое поради својата голема количина на вода и сладок црвен плод е многу популарно во жешките денови.

Лубеницата е богат извор на витамините А и Ц, како и на минералите калиум и магнезиум. Полна е со антиоксиданси, а докажано е дека позитивно делува на бубрезите, кардиоваскуларниот систем и одржување на витката линија.

Иако лубеницата најчесто се конзумира свежа, во својот природен облик, постојат уште неколку начини на уживање во ова слатко овошје, од кои сигурно најинтересен е сокот од лубеница.

Еве како да го подготвите дома

Постапката на подготовка е прилично едноставна. Се што ви треба е свежа лубеница, нож и блендер. Плодот на лубеницата исчистете го од семки, и исечете ја на мали парченца. Потоа, парченцата ставете ги во блендер, додадете заслуадувач по желба и се добро помешајте. Ако напивката е премногу густа, може да додадете малку вода или коцки мраз. Можете да додадете и цела низа други состојки, како малина, капина, јаготка, нане…

Погледнете го видеото.

x

Check Also

ГЛАДИЈАТОРИТЕ СЕ ВРАЌААТ ВО СТОБИ – Промотивен викенд на локалитетот

Од утре, 19 септември, првата апликација за виртуелно искуство која овозможува патување ...