Истражување: Кои се новите потрошувачки трендови?

Денес потрошувачот е многу повеќе инволвиран во процесот на купување него било кога порано. Тој е едуциран, скептичен и бесрамно коментира! Настрана од тоа, тој ги одбира производите кои се фокусирани на превентивното здравје, практичноста, и секако, квалитетот. Сето тоа наметнува прехранбената индустрија да се соочи со нови предизвици кога е во прашање задоволувањето на барањата на современите потрошувачи.

Истражување на трендовите на пазарот, спроведено од Euromonitor International, укажува дека навистина постојат драстични промени во односот и барањата на потрошувачите. Според анализите, за разлика од минатото, потребите на денешниот потрошувач се далеку поконкретни и поспецифични.

Анализите покажуваат дека во последните неколку години значително е зголемена побарувачката за сирова храна во нејзината најмалку обработена состојба, како и на намирници од растително потекло и производи без лактоза, од етички и социјално одговорни компании, со висок квалитет, дури и тоа да значи дека ќе купат помалку производи за истата цена. Потрошувачите полека ги преземаат работите во свои раце и се решаваат да вложат повеќе со цел да имаат поголема придобивка од она што го купуваат, со што инвестираат во себе и во својот добробит.

Статистиката покажува дека 28% од потрошувачите се чувствуваат добро кога купуваат еколошки или етички производи, а 39% од потрошувачите претпочитаат да купуваат помалку производи, но со повисок квалитет.

Целата прехранбена индустрија се наоѓа среде мала, но значајна револуција. Во скоро сите сегменти се менуваат начините на производство, понудата, па дури и состојките, согласно со барањата на пазарот. Посебно зголемена е популарноста на сировите производи, кои стануваат посакувана и здрава алтернатива за милиони луѓе низ светот.

На домашниот пазар, еден од најбудните и најиновативните производители е Виталиа, компанија која ги следи светските трендови со цел да понуди што подобри производи за своите потрошувачи. Од неодамна, низ маркетите ширум земјата можете да ги најдете Виталиа сировите барови на база на овошје и зеленчук кои се минимално термички преработени, при што се задржани нивните примарни ензими и микронутритиенти. Бидејќи станува збор за сирови производи, основните состојки се суво овошје, зеленчук и интегрални житарки, карактеризирајќи ги со сладок вкус без додаден шеќер.

Според тоа, во чекор со светските трендови и динамичниот животен стил на модерниот потрошувач, сировите барови од Виталиа се идеалниот избор за секоја индивидуа од новиот милениум.

 

x

Check Also

МЕТЕО СО СЛАВЧО&ЗДРАВЈЕ: Ваквото време влијае на ширењето на вирусите, а вирусите се лекуваат само со силни антиоксиданси!

Продолжува периодот на страшно променливо време, на невообичаено топли денови, а пред ...