Истражување: Пиењето млеко предизвикува акни на лицето

Го сакаме или не го сакаме, млекото е избор на секој од нас, но новото истражување тврди дека не е баш толку посакувано доколку сакаме да имаме чисто лице.

Дерматологот Нигма Талиб, која се грижи за убавата кожа на повеќе холивудски ѕвезди, меѓу кои и на Оливија Мун и Кејт Босворт, смета дека пиењето млеко предизвикува проблеми на кожата, а особено појава на акни.

Талиб има издадено книга во која ги објаснува проблемите на лицето, делејќи ги во неколку типови – млечно лице, глутенско лице, винско лице и шеќерно лице. Таа е уверена дека значајно ќе се промени кожата, до непрепознатливост, ако од исхраната се исфрлат одредени намирници, а тоа се шеќерот, алкохолот и млечните производи.

Истражувањето покажало како хормоните кои се наоѓаат во млекото, а посебно во немасното млеко, предизвикуваат појава на акни и бубулици на лицето. Според истражувањето пак, на Харвард, 44 отсто од 47.000 девојки кои редовно конзумирале млеко имале пробеми со кожата на лицето. Откажувањето од млеко, барем на еден месец, драстично ја менува состојбата на кожата, а се намалуваат и воспаленијата.

x

Check Also

Лејди Гага ја лансираше мејк-ап кампањата Haus Laboratories

Лејди Гага е најновата во редот ѕвезди која лансираше козметичка линија. Колекцијата е ...