Истражување: Жените се сѐ посилни, мажите се сѐ послаби

Новото американско истражување објавено во „Journal of Hand Therapy“ тврди дека денешните жени се сѐ посилни, за разлика од мажите кои стануваат сѐ послаби, односно дека денешните жени не се повеќе „послаб пол“.

Истражувањето се реаизирало со помош на таканаречен динамометар, направа која ја мери силата, а било изведено на 237 мажи и жени на возраст меѓу 20 и 34 години. Резултатите биле споредени со исти такви добиени резултати во 1985 година.

Во возрасната група од 30 до 34 години, се покажало дека денешните жени имаат посилен „фат“ од генерацијата на своите мајки. Мажите пак, во просек покажале 20 отсто помала снага од генерацијата на нивните татковци. Мажите на возраст од 25 до 29 години се покажале уште послаби.

Понатаму, истражувањето потврдило дека денешните жени постигнале просечна вредност на кревање на тегови од 37,5 килограми што е за 20 отсто повеќе од резултатите во 1985 година, додека кај мажите оваа бројка изнесува 49 килограми, односно 20-на посто помалку од 1985 година.

Дали станува збор за светски феномен на „ослабнување“ на посилниот пол, тоа не може да ни го открие ова истражување. Но сигурно е дека се ближи времето кога ќе се појави женски Рамбо.

x

Check Also

Дали сте доволно флексибилни и како да ја подобрите флексибилноста?

ФЛЕКСИБИЛНОСТА КАКО БИТЕН СЕГМЕНТ ЗА ВРЕМЕ НА ФИЗИЧКАТА АКТИВНОСТ. Пишува: Маја Талевска ...