Истражување: Полномасното сирење е добро за здравјето

Ако сте оние кои обожаваат сирење, имаме една добра вест за вас.

Неодамнешното истражување потврдува дека јадењето на полномасно сирење може да биде исклучително полезно за вашето срце на долги патеки. Истражувањето објавено во списанието American Journal of Clinical Nutrition, е реализирано од група научници од Копенхаген за време на 12 недели.

Третина од испитаниците јаделе 80 грама полномасно сирење дневно, додека друга третина јадела 80 грама немасно сирење. Останатиот дел од испитаниците не јаделе воопшто сирење туку 90 грама леб и мармалад секој ден. После 12 недели истражувачите измериле добар и лош холестерол, откривајќи дека промените со лошиот холестерол не зависат од видот на сирењето кое испитаниците го конзумирале – Не постоела разлика меѓу групата која јадела масно и несмасно сирење, односно групата која јадела леб и мармалад.

Но тоа што е најинтересно е дека испитаниците кои јаделе полномасно сирење имале големо ниво на добар холестерол во однос на другите две групи.

 

x

Check Also

МЕТЕО СО СЛАВЧО&ЗДРАВЈЕ: Сончев период, па пак многу студено време, како да ја надминете вознемиреноста?

Променливото време продолжува и во следните денови. Променливото, а студено време, влијае ...