12.000 туристи се изјаснија: Италијанците се најдобро облечени Европјани, Грците немаат стил!

Според истражувањето на порталот Зувер кое вклучи 12.000 туристи од 20 европски земји да одговорат на прашањето кои нации се најдобро облечени, првото место им припадна убедливо на Италијанците.

italijanci 3

Дури 35 отсто од учесниците во големата анкета се изјасниле дека најдобро облечени Европјани се Италијанците, додека за Французите се изјасниле 11 отсто. На трето место се најдоа граѓаните на Шведска.

italijanci 2

Меѓу оние кои немаат стил се најдоа Грците. По нив се Германците и Британците, но убедливо најлошо облечени според анкетираните се граѓаните на Полска.

На прашањето пак кој стил на облекување е најлош, 65 отсто од испитаниците одговориле дека се тоа сандалите на машката нога во комбинација со чорапи, a 20 отсто сметаат дека на дебелите лица треба да им се забрани да носат минималистички костими за капење.

x

Check Also

Започна продажбата на HUAWEI MateBook 14s на македонскиот пазар

Потрошувачите кои ќе го купат уредот до 31 јануари 2022 година добиваат ...