Италијански шик во полициските редови

Една нова, скапа „играчка“ стана дел од италијанската сообраќајна полиција. Станува збор за ни помалку, ни повеќе, туку возила Ламборгини.

i123

Моделот Ламборгини Хуракан ЛП 610-4 стана дел од возилата на италијанската сообраќајна полиција. Ламборгиното е специјално модефицирирано за потребите на полицијата, достигнува максимална брзина од 325 километри на час, а целта е „да се сочува безбедноста на италијанските патишта и да се спречи криминалот“.

Возилата се донација од производителот на луксузни автомобили Ламборгини. Сите возила се во неколку нијанси на сина боја, со препознатливите бели букви на полицијата.

Освен што се аеродинамички оптимизирани, вграден е и системот за таканаречен видео доказ кој ја регистрира брзината на другите возила на патиштата.

x

Check Also

Памела Андерсон тајно му рече „да“ на стариот љубовник

На тајна церемонија во Малибу, завчера, во присуство на блиски пријатели, сексаспилната ...