За мезе - со крекери и сирење

Италијански специјалитет на оригинален начин: Песто Џеновезе

Подгответе го според оригиналниот рецепт еден од најпознатите италијански намази кој се послужува со различни тестенини, но и како предјадење со крцкав леб.

Брускети со Песто Џеновезе

Брускети со Песто Џеновезе

Овој популарен италијански прилог одлично се „бакнува“ со секаков вид на тестенини наросени со пармезан.

За да го подготвите потребно е:

40 грама свеж босилек, половина главица лук, 3 лажици сирење Пекорино (рендано), 3 лажици рендан пармезан, 1 чаша маслиново масло, 40 грама борови ореви.

(Наместо два вида на сирење, може двојно да ја зголемите количината на пармезан.)

Подготовка

Измијте ги и исушете ги листовите босилек. Помешајте го сирењето, маслото, боровите ореви, босилекот и лукот и блендирајте додека не добиета компактна смеса.

Добиеното пире наречено Песто Џеновезе послужете го со супа,  стек, варено говедско месо или тестенини, а може да биде и главна намирница за пица.

Во Италија, се послужува и со крцкав леб како предјадење или како мезе со крекери и пармезан.

Шпагети со Песто Џеновезе

Шпагети со Песто Џеновезе

 

x

Check Also

Хармоника тиквички, мора да ги пробате!

Тиквички подготвени на поинаков начин. Уживајте во неповторливиот вкус. Од намирници потребно ...