Италијанскиот бренд Replay од денес е застапен и со своја моно бренд продавница во Skopje City Mall (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Продавницата Replay во Скопје Сити мол се протега на 130м2 и е изработена по најновиот концепт на ентериери на брендот, кој вклучува и ѕид покриен со природно зеленило што му дава особен шарм и впечатливост на целосниот изглед на просторот.

Во краткиот моден перформанс беа прикажани неколку носечки стилови за сезоната. За девојките тука се црно белите комбинации, со моторџиски детали и јарки црвени елементи,  бомбер јакните кои можат да се носат во секое време од денот, неизбежниот џинс како и војничко зелените парчиња кои гарантираат релаксиран и шик изглед.  Кај момците забележливи беа парчињата со различна текстура, неочекувани детали како патенти кај кошулите, џинс и карго панталони во различни нијанси.

Остатокот од колекцијата нуди уште многу можности за комбинирање и изразување на слободниот дух на секоја индивидуа. Колекцијата Burning Man, наречена по познатиот фестивал кој ја слави рок романтиката вклучува парчиња со интересен крој, направени од лесни материјали и бои кои се мешаат и прелеваат. “Must-have” парче од оваа колекција е дефинитивно женската јакна од превртена кожа со реси во камел боја.

Цветните дезени и тропските принтови, женските и машки парчиња во интензивни бои ја отсликуваат разиграноста на летните денови кои доаѓаат.

Дополнување на модниот перформанс беше и настапот на секогаш уникатните Beatrix Crew кои практично ги покажаа можностите за непречено движење и танцување кои ja нуди Replay Hyperflex колекцијата. Освен многубројните нијанси во кои доаѓаат фармерките, материјалите од кои се изработени се резултат на долгогодишно инвестирање во технологијата чијшто резултат се модели кои изгледаат одлични и се ултра удобни.

Replay e бренд на групацијата Fashion Box S.p.A која е еден од лидерите во деним секторот. Групацијата која се наоѓа во Асоло, Италија, дизајнира и изработува облека, модни додатоци и чевли за мажи, жеи и деца, под брендовите Replay, Replay&Sons и We Are Replay. Групацијата денес е присутна на европскиот пазар, Блискиот Исток, Азија, Латинска Америка и Африка, односно во околу 50 земји, а е застапена во 3.000 продажни места како моно или мулти бренд продавници.

 

x

Check Also

Поглед на зимската колекција на Massimo Dutti

Модната марка Massimo Dutti го објави едиторијалот наменет за зимската сезона. Едиторијалот е ...