Емануеле Фарнати

Италијанскиот Вог има нов уредник (и тоа маж!)

По тажната вест за смртта на долгогодишната и авангардна уредничка на италијанскиот Вог, Франка Соцани, познатото списание пред неколку дена доби нов главен уредник. И покрај очекувањата дека нова уредничка ќе биде (вообичаено за Вог) жена, за главен уредник е назначен Емануеле Фарнати, кој до оваа функција беше главен уредник на италијанскиот GQ.

Задачата на Фарнати воопшто нема дабиде лесна, судејќи според високо поставените стандарди од страна на Соцани. Во меѓувреме, Condé Nast (која го издава списанието Вог) е во потрага и по моден директор со меѓународно искуство кој ќе биде „десна рака“ на Фарнати.

x

Check Also

Дали Парис Хилтон е бремена? Одговорот доаѓа преку подкаст

По веста што вчера ги преполни „госип“ порталите, Парис Хилтон добива низа ...