Италијанскиот Вог полни 50 години: Роденден со возбудлива насловна страница

Септемвриското издание на италијанскиот Вог е предодредено да стане колекционерско. Прочуената модна библија Вог, мејд ин Итали, за првпат се појави во продажба во септември 1964 година.

vi2

За насловната страница на роденденското септемвриско издание беше задолжен Стивен Мејсел, а станува збор за исклучителна насловна составена од 5 страници на превиткување на кои позираат 50 топ модели избрани од главната уредничка Франка Соцани.  

Специјалното издание ја слави модата и фотографијата, но и жените кои се кралици на модата од кои е родено и заради кои постои ова списание – моделите, актерките, уметниците, членовите на кралските семејства, пејачките…, сите оние жени кои на свој начин и со својот уникатен стил оставија печат на модната индустрија.    

vi4

Пред објективот на Стивен Мејсел застанаа супермоделите од 90-те години до современите кралици на модните писти и легендарните ангели на Викторија сикрет – Миранда Кер, Наоми, Линда Евангелиста, Кендис Свонепул, Адријана Лима, Наташа Поли и многу други, се разбира, заслужено избрани. На листата на оние кои позираа за ова специјално издание сепак се издвојуваат Жизел Бундхен и Кара Делевињ.

Роденденското издание на Вог- Италија има 884 страници, а едиторијалот е посветен на историјата и еволуцијата на списанието кое низ годините го изгради сопствениот препознатлив бренд. 

x

Check Also

Триото „Тојлетпејпер“ се врати со нови гротескни модни фотографии

Фотографите Маурицио Кателан и Пјерпаоло Ферари и уметничкиот директор Мико кои го ...