Ивана Георгиевска е новата Зимска убавица на Македонија

По двомесечната турнеја низ Македонија со полуфинални настапи, викендов се одржа финалето на кое победи Ивана Георгиевска.

zimska ubavica 2

Прва придружничка е Ана Марија Таневска, а за втора беше избрана Вероника Николовска, и двете како и победничката, од Скопје.

zimska ubavica 1

За круната се натрпеваруваа 14 финалистки. Титулата Мис боди ја доби Ивана Димитрова од Штип, Мис фејс е Ангела Спасовска од Куманово, а титулата од публиката ја освои Мартина Симоновска од Скопје. Мис шарм е Елена Маневска, Мис фото – Сара Таневска, а Мис френдшип – Моника Кочовска.

Победничката Ивана Георгиевска добива право да ја претставува Македонија на еден од интернационалните избори за убавина за кои Модното студио Црнокрак поседува лиценци.

x

Check Also

BOSS со прекрасна уметничка кампања за колекцијата есен/зима 2019

BOSS ја претстави рекламната кампања за колекцијата есен/зима 2019, снимена во њујоршката ...