Ивана и Јулија Кнез заштитни лица за кампањата La Vita è Bella

Ќерката Ивана и мајката Јулија Кнез потпишаа договор за заштитни лица за камапњата за убавина La Vita è Bella. Со овој проект тие ќе направат комплетна трансформација и ќе бидат пример за секоја жена која треба да се грижи за своето здравје и убавина. За оваа кампања ќе се погрижат тим на доктори од дерматолошко естетска ординација Вивидерм.

Животот е убав кога си дел од модната индустрија, но исто така животот е прекрасен кога си во рацете на професионалци кои ќе направат естетски да изгледате убаво. Со задоволство јас и мојата мајка Јулија прифативме да бидеме дел од овој проект се со цел да се покажеме дека се грижиме како жени за својата кожа и тело“ вели Ивана Кнез, моден дизајнер и сопственик на Драма Студио.

Јулија Кнез

Ивана и Јулија Кнез ќе бидат ангажирани во текот на целата година и постепено ќе направат промени на себе од страна на докторите.

Кампањата е едукативна дека жените треба постојано да се грижат за себе, не само кога има одреден естетски проблем. Избравме две дами од различни генерации кои знаат што сакаат“ додава, д-р Вангел Битољану, дерматолог од дерматолошко естетска ординација Вивидерм.

Во привиот серијал на La Vita è Bella Ивана Кнез прави епилација односно отстранување на влакната на задниот дел од вратот а нејзината мајка, Јулија Кнез ги корегираше усните со филери.

Погледнете ги видеата од кампањата:

x

Check Also

Луксузна есенска маска за лице од домашната кујна

Сакате да уживате во луксузни нешта? Погледнете во фрижидерот, таму се. Многу ...