Иво Ивановски: Посетителите ќе можат да дегустираат различни видови на вино и да го одберат својот фаворит!

Винскиот фестивал ќе се случува од 6 до 8 декември на Скопскиот саем со цел да ја промовира винската култура во земјава и пошироко. „ Со оглед на тоа дека доброто вино не оди без добра  квалитетна храна, учесници на фестивалот покрај винарските визби се и производителите на квалитетни млечни и месни производи, како и производи од пекарската индустрија“, вели во разговорот за Макмодa, проект менаџерот Иво Ивановски.

вински фестивал 4

Ќе се форсираат ли главно вина од македонски произведувачи?

Со оглед на фактот дека Македонија е винска земја, земја во која се одгледуваат едни од најдобрите, квалитетни сорти на грозје, целта на Винскиот фестивал е промовирање на винската култура во земјава и пошироко, зголемување на винската култура и зголемување на семејството на вински ентузијасти и љубители на доброто вино. Целта на нас како организатори е да организираме фестивал достоен на развој и негување на култот кон виното.

 

Каков е интересот на македоснките винарски визби да го презентираат својот производ на овој фестивал и кои се условите за учество?

Со оглед на тоа што овој тип на настани привлекуваат голем број на посетители, постои голем интерес од винариите да се претстават на овој фестивал заради можноста публиката, односно посетителите да дегустираат различни видови на вино, да ги споредат различните вкусови на вино и сето тоа во една пријатна и топла атмосфера која ја нуди Метрополис Арена, и сето тоа збогатено со убава музичка програма.

Како организатори на овој фестивал постојано сме во контакти со винариите, дискутираме околу условите кои ние ги нудиме и секако прифаќаме нивни сугестии, барања, совети и слично. Затоа сметаме дека на заедничко задоволство

vinski festival 2

Кои се винарските дебитанти на годинешниов фестивал?

На годинешниот фестивал дебитант е најголемата винарска визба во Република Македонија-Тиквеш, што за нас како организатори е особено важно, како и други помали винарски визби, кои подеднакво нудат кавалитетно вино.

Од кои странски земји е покажан, за сега, најголем интерес за презентирање на своите вина во Македонија?

Минатата година, а и оваа на фестивалот ќе бидат промовирани вина од Италија и Франција, преку нивни застапници за Македонија. Имајќи го во предвид фактот дека тоа се земји познати во светот по своите најдобри вина, задоволство беше за нас, како организатори, а и за домашните винарии што токму тие вина се дел од фестивалот, а тоа претставува можност посетителите да го споредат квалитетот на домашните вина со најдобрите од светот.

вински фестивал 3

Кое е моментно најактуелно, да не кажам, најфорсирано македонско вино?

Од аспект на организатори на овој фестивал не можеме да излеземе со некој факт за најфорсирано вино во Македонија. За таа цел оваа година ги поканивме студентите од Факултетот за земјоделски науки и храна да спроведат една анкета за посетителите во контекст на ова прашање. Резултатите од анкетата по завршување на фестивалот ќе го дадат одговорот на ова прашање.

Кои се, традиционално, посетителите на Винскиот фестивал?

Традиционално на оваа манифестација посетители се младите, секако над 18 години, но подеднаков е интересот и кај постарата популација, со еден збор сите оние што сакаат добро вино, храна и соодветна музичка програма.

Дали фестивалот предвидува и колекционерски примероци на вино и продажба на истите?

Како организатори на овој фестивал досега не сме организирале ваков пропратен дел на оваа манифестација. Тоа го организирале самите винарски визби на нивните изложбени простори. Меѓутоа за другата година планираме заедничка соработка со винариите за организирање на  еден ваков настан, каде би се продавале колекционерски примероци по аукциски пат.

Освен вина, програмата предвидува и презентација на дрги алкохолни пијалоци, па дури и пекарски производи. Кои други произведувачи, надвор од виното, ќе ги видиме на фетсивалот?

Со оглед на тоа дека доброто вино не оди без добра  квалитетна храна, учесници на фестивалот покрај винарските визби се и производителите на квалитетни млечни и месни производи, како и производи од пекарската индустрија.

Предвидена ли е и дегустација на вина за посетителите?

Како што рековме, на фестивалот се присутни повеќе винарски визби. Сето тоа овозможува посетителите да дегустираат различни видови на вино, да го споредат нивниот вкус и квалитет и да го одберат својот фаворит.

vinski_festival_2013

Колку чини влезницата за посета на овој фестивал? И колкава посетеност очекувате? 

Цената на влезницата за секоја вечер изнесува 100 денари. Инаку, расте бројот на посетители од година в година. И оваа година очекуваме зголемен интерес и посета со оглед на фактот што оваа година е зголемен бројот на учесници, односно понудата на добри вина, а сето тоа го искомбиниравме со одлична музичка програма за сите вкусови.

Се вели – зимата е резервирана за црните потешки вина, а летото за белите. Колку лично вие сте љубител на виното и за какво би се одлучиле оваа зима?

Љубител сум на квалитетно македонско вино. И оваа зима секако дека ќе конзумирам некое убаво црвено вино, во пријатна атмосфера, со добро друштво и музика.

Ј.К.

 

x

Check Also

Коронавирус во САД, од Лејди Гага до Хајди Клум: sвездите повикуваат на самоизолација и претпазливост

Многу познати личности на социјалните мрежи ги повикуваат фановите да се однесуваат ...