Изабел Маран за Х&М (ВИДЕО)

Она за кое се „шушкаше“ со месеци најпосле е потврдено, Изабел Маран ќе дизајнира колекција за Х&М.

isabel 1

Славната француска дизајнерка Изабел Маран, позната по патиките со потпетица, а оваа зима и по престижните чизми наречени „маранки“ украсени со ремени, штрас, принт и набори, ќе креира линија достапна за секого во соработка со модната марка „Х&М“.

„Mикс енд меч“ ќе содржи парчиња женска облека, но Маран за прв пат ќе креира и колекција наменета за мажи.

Колекцијата ќе може да се најде во 200 продавници на „Х&М“ низ светот од 14-ти ноември.

x

Check Also

Zara ја претстави елегантната летна колекција

Шпанската модна марка Zara го претстави својот тренди водич за летната сезона, во ...