Минатиот викенд во Бодрум, Турција, се одржа интернационалниот избор за убавина Мис Аполон 2014 со учество на 30 девојки од исто толку држави од светот.
Нашата држава ја претставуваше 17-годишната Ана Трајковска од Тетово, која направи убав успех со пласманот во топ пет најубави девојки, а ја освои титулата Мис Веноса 2014 која жирито и ја додели за комлетна личност.
Победничка Мис Аполон 2014 е Диана Кубасова од Летонија, прва придружничка е Екатерина Циганова од Казахстан, а втора придружничка е Александра Бред од Русија.
Македонката Ана Трајковска во Турција престојуваше десет дена благодарение на Модното студио Црнокрак кое ја има лиценцата за Македонија за овој интернационален избор за убавина.