Изглед на денот: Амал Клуни во ретро мини фустан од Версаче

Амал Клуни на забавата посветена на Џани Версаче која неодамна се одржа во Лос Анџелес, носеше мини фустан во ретро стил од Версаче.

Сребрениот фустан ја истакна нејзината фигура само четири месеци по породувањето. Убавата адвокатка фустанот го комбинираше со златни чевли со високи потпетици од Џими Чу, а изгледот го заокружи со децентна чантичка. Фустанот чини 6.500 долари. Истиот фустан е изложен во Мет Музејот во Њујорк.

Мет, Њујорк

x

Check Also

Свечено отворање на новата книжарница на „Литература.мк“ во „Скопје сити мол“

Скопје ја доби најголемата книжарница во Македонија! Новата суперпродавница на „Литература.мк“, која ...