Изглед на денот: Амал Клуни во цветна „Долче Габана“ сукња

Адвокатката Амал Клуни повторно воодушевува со модниот изглед кој го одбра за на работното место. Фотографирана е како изгегува од нејзиниот апартман во СоХо, Њујорк, облечена во пролетна сукња со флорален принт.

Цветната сукња е од актуелната колекција на „Долче и Габана“, а Клуни ја носи во комбинација со класична црна блуза со кратки ракави и елегантна црна чанта од „Диор“.

Изгледот е заокружен со очила за сонце и чевли на висока потпетица, и двете модни парчиња од италијанската модна марка „Салваторе Ферагамо“.

Инспирирајте се од стилот на Амал Клуни:

сукња со флорален принт, Долче и Габана

салонки на висока потпетица, Салваторе Ферагамо

елегантни очила за сонце, Салваторе Ферагамо

кожена црна чанта, Диор

x

Check Also

Ангелите на Викторија сикрет позираат за нова рекламна кампања

Ангелите на Викторија сикрет повторно се обединија во фотосесија за нова рекламна ...