Изглед на денот: Брановитата фризура на Меган Маркл и синиот фустан во кој изгледа како да е бремена

Меган Маркл на настанот Military Charity Gala, во друштво на сопругот, принцот Хари, се појави во свежо модно издание – со брановита фризура во стилот на Златното време на Холивуд, од 1920 година.

Во минималистчки и елегантен стил, облечена во син, миди фустан, Маркл овојпат покажа ретро изглед. Маана? Нема. Освен што на некои од фотографиите фустанот малку стрчи во предниот дел, па изгледа како да е бремена, што беше доволна причина нејзините фанови на социјалните мрежи да почнат да прашуваат – дали е бремена?

Изгледот, инаку, е надополнет со сини чевли на висока потпетица и мала плик-чантичка. Супер инспирација за дотерување во првите есенски денови.

 

x

Check Also

Улична мода од Модната недела во Токио (ФОТОГАЛЕРИЈА)

За време на Модната недела во Токио, уличниот стил никогаш не разочарува! ...