Изглед на денот: Бред Пит во црно кадифено сако и пеперутка-вратоврска

54-годишниот глумец Бред Пит се појави во елегантно издание на гала вечерата организирана од луксузната компанија за часовници, Брајтлинг, за која е ангажиран како портпарол.

Дотеран во стилот на Џејмс Бонд за настанот кој се случуваше во Пекинг, носеше кадифено смокинг сако во комбинација со бела кошула, црни панталони и пеперутка-вратоврска.

Подоцна во вечерните часови, тој ја извади вратоврската за фотографијата со Ву, Питер Линдберг и извршниот директор на Брајтлинг, Џорџ Скерн.

x

Check Also

Дали Парис Хилтон е бремена? Одговорот доаѓа преку подкаст

По веста што вчера ги преполни „госип“ порталите, Парис Хилтон добива низа ...