Изглед на денот: Црвениот сатенски комплет на Бела Хадид

Топ моделот не престанува да изненадува со модните комбинации. Овојпат се појави во црвен сатенски комплет од топ и панталони со висок струк, во Монте Карло за време на Гран прито на Формула 1.

Комплетот е креација на американската дизајнерка Елизабет Солсер, која се грижи и за стилот на некои од ангелите на Викторија сикрет, како Елса Хокс и Адријана Лима.

Изгледот е заокружен со нежни сребренкасти сандали со многу висока потпетица и сребрено ранче.

x

Check Also

ЕXPO 30, вечерва и утревечер во музејот на современа уметност

ЕXPO 30 е настан по повод 30 години независност кој  ги спојува ...