Изглед на денот: Дајан Кругер на Филмскиот фестивал во Венеција

 

Глумицата излезе од италијанското такси на вода облечена во црно-бел комплет со цветови составен од два дела од Ресорт Такун колекцијата за 2016 година.

dk 1

Изгледот го надополни со црна чанта и рамни сандали сосема соодветни за одење низ специфичната Венеција изградена на брзбројни дрвени греди и мостови.

Во тонот со сандалите, и во истиот стил, тука се и шеширот и очилата за сонце.

39-годишната глумица постираше на Инстаграм фотографија од нејзините куфери информирајќи дека пристигнала во Венеција и дека таму ќе остане 10 дена.

Ако нејзиното прво појавување во градот, стилски е чиста 10-ка, со што ли ќе изненади во претостојните десеттина дена.

x

Check Also

Седа коса: тренд што обедини многу sвезди во движењето „без боја“ – од Енди Мекдауел до Џејн Фонда, Џоди Фостер, Џејми Ли Кертис до…

Кој рече дека седата коса им одговара само на мажите? Од Енди ...