Изглед на денот: Џенифер Анистон во фустан кој визуелно го стеснува струкот

Глумицата Џенифер Анистон блесна на настанот на „Veriety“ -Power of Women, кој се случи во Лос Анџелес, а кој ја слави моќта на жените во Холивуд.

За оваа прилика глумицата облекла миди фустан без ракави од модната марка Alexander McQueen.
Иако е во супер форма и не и се потребни трикчиња за визулено стеснување на струкот, згодната 50-годишна глумица одбра темносин модел со тенки риги кои го прават токму тој ефект.

Елегантниот фустан дополнително го нагласува струкот со украсниот кожен ремен. Изгледот пак, е заокружен со нежни црни чевли на високи потпетици и дискретен накит и шминка.

x

Check Also

Моника Белучи блеска во новата кампања на Долче и Габана

Три италијански убавици од различни генерации – Моника Белучи, Бјанка Балти и ...