Изглед на денот: Џиџи Хадид во карирани панталони од есенската колекција на Х&М

На модните писти навикнавме да ја гледаме во скапи дизајнерски парчиња, но популарната манекенка во секојдневието знае да облече модно парче одбрано од продавниците на хај-стрит брендовите кое всушност има многу пристапна цена.

На париските улици за време на модната недела Џиџи Хадид се појави во трендовски карирани панталони од новата колекција на Х&М. Панталоните се дел од костумот соствен и од карирано сако, но моделот ги носеше во комбинација со сив дуксер.

Чевлите-папучи се од колекцијата на Александер Ванг, а чантата е од Версаче.

Инаку, карираните панталони се веќе достапни во продажба во продавиците на Х&М.

 

x

Check Also

Новиот Huawei P30 lite е врвен спој на нови трендови и убава естетика

Мода е збор кој најчесто е изговорен од страна на млади луѓе. ...