Изглед на денот: Џиџи и Бела Хадид во ист костум кој го носат на сосема различен начин

Топ моделите, сестри, Џиџи и Бела Хадид продолжуваат да забавуваат со „вкрстување“ на гардеробата која ја носат. Овојпат, тие покажаа како еден костум може да се носи на два сосема различни начина.

На црвениот тепих на премиерата на новата серија која ќе се емитува на HBO, посветена на Серена Вилијамс, сестрите се појавија во интересни модни комбинации, па Џиџи покажа како еден костум може да се носи на елегантен начин, додека Бела носеше сличен таков костум но во полежерна варијанта.

Џиџи Хадид

Костумот во трендовска боја на сенф кој го носеше Џиџи е од марката Дерек Лам, а манекенката го искомбинира со елегантни чевли од Кристијан Лубутен презентирајќи беспрекорен елегантен стил. Бала пак, свото Том Форд костум го искомбинира со бела маичка и патики од Шанел.

Инспирирајте се од сестрите Хадид како може да носите еден модерен костум.

Бела Хадид

x

Check Also

Викторија сикрет ја претстави празничната кампања (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Ангелите на Викторија сикрет Барбара Палвин, Биргит Кос, Елса Хокс, Лорен Дуран, ...