Изглед на денот: Џенифер Лопез во драматичен сатенски фустан од Ели Сааб

47- годишната глумица и мајка на две деца го „украде“ вниманието на црвениот тепих на NBC Universal 2017 во Њујорк.

Како и Лопез која перфектно знае да ги носи креациите на модните дизајнери, и Ели Сааб покажа извонреден дизајн – фустан од сатен во кожа боја и сјај на „пудра“-розова нијанса, со долги ракави, длабоко деколте и нагласен струк.

Фустанот е од колекцијата пролет/лето 2017.

Изгледот е надополнет со светло-розова чантичка од Валентино, чевли од Кристијан Лубутен и впечатлив прстен од Нарциса Ферес.

x

Check Also

Карди Би се збогува со сопругот после три години брак

Карди Б(27) и нејзиниот сопруг Офсет (28) се разведоа по само три ...