Изглед на денот: Џенифер Лопез во комбинезон на Зухаир Мурад

На црвениот тепих на Билборд Латин Авардс 2015, Џенифер Лопез блесна во комбинезонот со потпис на Зухаир Мурад.

jl1

Комбинезоните се во тренд, а откако Скарлет Јохансон покажа како совршено се носат, Џенифер Лопез не убеди колку тие можат да бидат секси.

Со белиот проѕирен комбинезон со бели цветни чипкани апликации, Џенифер Лопез беше во центарот на вниманието на  Билборд Латин Авардс.

Изгледот на 45-годишната пејачка и глумица е заокружен со бел свилен шал, префрлен преку едното рамо, бели чевли на висока потпетица и бела мала чантичка.

 

jl2

x

Check Also

Кралски изглед на денот: Меган Маркл во спортски стил и шик бела јакна

Поранешната актерка, 39, се појави на „Зум“ една година по лансирањето на ...