Изглед на денот: Џенифер Лопез во „Версаче“ сирена фустан

За театралниот црвен проѕирен фустан со потпис на Версаче кој го носеше Џенифер Лопез на Мет-Гала долго ќе се зборува.

jenifer

Пејачката отсекогаш знаела како да ги нагласи своите најубави страни и да ја акцентира женственоста со изборот на креациите кои ги носи на црвените ќилими.

Сирена-фустанот со една прерамка и драматични детаљи изгледа на модерна, повозбудлива варијанта на оној кој го носеше Хали Бери на ноќта на Оскарите.

Изгледот е заокружен со обетки и мала чантичка изработени од истиот материјал и во ист стил.

 

x

Check Also

Жешка кампања на Викторија сикрет за есен 2019

Викторија сикрет ги објави првите фотографии за кампањата за долна облека за ...